Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинителството денеска соопшти дека обвинетите не ја почитувале одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на државата и за време на пoлицискиот час биле затекнати како се движат низ градот.
Надлежниот јавен обвинител за тројцата обвинети побарал парични казни од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.