Се гради нов трговски центар во Прилеп

Од:

На парцела од 1.617 квадратни метри се гради трговскиот центар „Сити Центар“ во Прилеп кој ќе биде објект од затворен тип во кој 12 месеци ќе има греење а има и вентилација и климатизација.

На простор од 1.617 квадрати е предвидена изградба и на визба, приземје и два ката.

„Со овој проект се добиваат нови естетски вредности во самиот центар на градот, со што ќе добиеме објект кој со своето надворешно обликување наликува на типична современа и елитна архитектура. Овој трговско деловен објект заедно со веќе постоечките трговски содржини во градот, ќе го внесат нашиот град на картата на најпосетуваните места во нашата земја“, се вели во соопштението.

Со отворањето на овој објект ќе се отворат и 250 нови работни места а ќе има и паркинг простор со капацитет од 150 возила.

Би можело да ве интересира

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски

Ги убил внукот и неговиот син поради кавга за имот, детали за случајот во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

Катерина Ѓуровски

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена