Груевски не сака да ја коментира изјавата на Рајков за „бугарските“ споменици во Скопје

Од:

Премиерот Никола Груевски остана без коментар на изјавата на бугарскиот премиер Марин Рајков дадена за бугарската агенција „Фокус“, во која тој вели дека спомениците на бугарски историски личности во Скопје се најубедливиот аргумент за да ја прославуваме заедничка историја заедно.

Груевски рече дека не би ја коментирал оваа изјава, но, како што рече, нему му се допаѓаат новите споменици.

Инаку, во текстот на бугарската агенција се вели дека спомениците се дел од бугарската историја во Република Македонија.

– Веќе јасно кажав дека ја гледам оваа соседна земја како сестринска република, со која делиме заедничко минато и треба да делиме заедничка иднина. Никој нема сомневање дека Христо Татарчев е Бугарин, какви што, се разбира, беа и Гоце и Даме и Борис Сарафов, и Тодор Александров – посочи Рајков.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

A1on

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

A1on

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он