Во Србија нови 424 позитивни на коронавирусот

Од:

Во Србија во изминативе 24 часа тестирани се 2646 лица, од кои досега се евидентирни најмногу позитивни случаи, 424 лица, од кои само во Геронтолошиот центар во Ниш, позитивни на вирусот се 140 штитеници и 4 вработани, јави дописникот на МИА од Белград.

Со тоа вкупниот број на заразени во Србија изнесува 4054 лица, изјави на владината прес конференција на кризниот штаб, покраинскиот секретар за здравство Зоран Гојковиќ.

Вкупниот број на тестирни лица заклучно со денес во Србија изнесува 20.958 лица.

Во изминатите 24 часа регистрирани се и пет нови смртни случаи, три мажи и две жени, на просечна возраст од 76 години, со што вкупниот број на починати изнесува 85 лица, со смртност во однос на заразените од 2,09 отсто.

Во Ковид болниците вкупно се хоспитализирани 2890 пациенти, од кои 138 лица се тешки случаеви и ставени се на респиратор, кажа Гојковиќ.

Во карантин за полесните случаи на епидемијата, на Белградскиот саем сместени се 387 лица, во Ниш во спортскатa сала Чаир и хотелот Ценротурист има 292 лица, а во Студенскиот дом 170 лица, додека на Новосадскиот саем има 170 пациенти.

-Од вкупната денешна бројка на 424 заразени во Србија, најголем дел се пациенти од Геронтолошкиот центар во Ниш или од 256 штитеници- 140 стари лица и 4 вработени се позитивни на вирусот, поради што денес имаме вака голема бројка на заразени. Ова е последица на непочитување на мерките на надлежниот директор, со многу пропусти, биле дозволени посети, излегување на штитениците, а се криеле дури и симптоми на дел од заразените. Затоа е приведен директорот и против него е поднесена кривична пријава за најтешко кривично дело за кое е предвиден казна затвор до 12 години, кажа Гојковиќ.

Проф.д-р Бранислав Тиодоровиќ апелираше до надлежните на ваквите институции да не подлегнуваат на емоции за добро на штитетиниците, за да не бидат ваквите центри целосно ставени во изолација.

Во Србија има 229 старачки домови и установи за социјална заштита со 8617 штитеници.

И денешната прес конференцијата се одржа без присуство на новинарите, така да лекарите од кризниот штаб одговараа на поставени прашања на новинарски редакции доставени преку маил.

Во Србија утринава во 5 заврши 60 часовен полицискиот час кој почна во петок во 17 часот и продожува забраната за движење од 17 до 5 часот секој работен ден.

Би можело да ве интересира

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда