ФОТО: Јохан Тарчуловски како слободен граѓанин го бакнал македонското знаме

Од:

Јохан Тарчуловски денеска излезе од затворот во градот Диц, Германија, каде што ја издржуваше затворската казна.

Веднаш по излегувањето од затворот Тарчуловски, кој бил пречекан од неговата сопруга Соња, блиски пријатели и иселеници, го бакнал македонското знаме. Го пречекале и македонската амбасадорка во Германија Корнелија Утевска – Глигоровска, како и од амбасадорот во Холандија Никола Димитров заедно со членовите на дипломатските мисии во овие две земји.

Според неговиот адвокат Антонио Апостолски, се очекува утре Тарчуловски да пристигне во Република Македонија.

Screenshot_7

Пред да тргнат за Скопје, Јохан и неговата сопруга Соња ќе ја посетат новата црква „Свети Никола“ во Мајнц, Германија.

Почесниот конзул на Македонија во Германија, Мирче Филиповски изјави дека го очекуваат околу 18 часот во црковната општина во Мајнц.

Би можело да ве интересира

Тарчуловски: Во Шевенинген добивав неморални понуди за да ја префрлам вината на Љубе

Емир Латифовиќ

Тарчуловски го положи првиот испит на Земјоделски во Штип

Емир Латифовиќ

Тарчуловски на средба со штипскиот градоначалник

Емир Латифовиќ

Ангелов: Каде бев за пречекот на Јохан?

Ана Ололовска

Јанкулоска: Гордост е да се пречека човек кој направил се за Република Македонија

Ана Ололовска

Иванов: Враќањето на Тарчуловски чекор напред кон натамошно градење соживот

Ана Ололовска