Медведев: Русија ќе ја поддржи Србија за Косово

Од:

Русија ќе го поддржи ставот на Србија за прашањето за Косово, но сметам дека решение за тоа прашање е привилегија за Србите, изјави денес во Москва, рускиот премиер Димитриј Медведев.

Рускиот премиер додаде дека поаѓа од политичките нијанси, одвоените разговори и суштинскиот интерес по тоа прашање кое треба да ги иницира српската страна.

Тој по состанокот со српскиот премиер, Ивица Дачиќ изјави дека Русија сфаќа колку косовскиот проблем е важен за Србите и дека за тоа прашање секогаш се разговора.

Според неговите зборови во последено време стекнал впечаток дека од Русија се очекува повеќе, отколку од Србите.

-Тоа не е исправно. Тие треба да одлучат каков став ќе заземат, а ние секогаш ќе им дадеме поддршка – истакна Медведев.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски