Повик за предлог-проекти за Програмата на УНЕСКО за 2020/2021

Од:

Националната комисија за УНЕСКО информира за објавениот повик од УНЕСКО до државите членки за поднесување предлог-проекти во рамки на Програмата за партиципација на УНЕСКО за 2020-2021 година.

Најдоцна до 31 мај 2020 секоја држава членка преку својата национална комисија за УНЕСКО може да поднесе до УНЕСКО најмногу седум проекти од петте главни програмски области и еден регионален проект. За да може Националната комисија за УНЕСКО да ги достави предлог-проектите согласно со предвидениот краен рок, потребно е најдоцна до 5 мај 2020 правните лица да и ги достават пополнетите формулари на англиски или француски јазик, како и на македонски јазик.

Носител на проектот се правни лица кои можат да обезбедат негова квалитетна имплементација. Проектот треба да биде во согласност со усвоените приоритети на УНЕСКО за петте главни програмски области за периодот од 2020 до 2021 година (содржани во документот 40 С/5 Буџет и програма 2020-2021 (https://unesdoc.unesco.org/ark:/48223/pf0000367155)

Во објавениот повик се содржани информации за буџетите во согласност со нивото на проектите (национални, регионални, субрегионални и интеррегионалните), рокот до кога ќе треба да се реализираат одобрените проекти и начинот за доставување на предлозите до Националната комисија на УНЕСКО.

Подетални информации зa Програмата за партиципација на УНЕСКО за 2020-2021 година и постапката за поднесување на предлог-проектите заедно со формуларите може да се добијат и да се преземат од линкот: http://www.unesco.org/new/en/member-states/single-view/news/circular_letter_on_the_participation_programme_for_2020_2021

Би можело да ве интересира

Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на Охридскиот регион и езерото

Охридското крајбрежје заробено од непознати изведувачи – Левица со барање за инспекциски надзор

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Ковачевски во УНЕСКО: Северна Македонија е мултикултурна реткост и придонесува во ефикасен мултилатерализам