Поведени постапки за непочитување на полицискиот час во Берово​

Од:

Основното јавно обвинителство Берово денеска до Основниот суд Берово поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Како што информира ОЈО Берово, обвинетите во три одделни настани, на 8-ми и 9-ти април, не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час се движеле низ градот.

Јавниот обвинител на Судот му предложи да определи парични казни и тоа за двајца обвинети во износ од 30 дневни глоби во вредност од по 10 евра, додека за еден обвинет – казна од 50 дневни глоби во вредност од по 10 евра.

Би можело да ве интересира

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Воведен полициски час во регионот на Одеса

А1он

Полициски час и забрана за музика во угостителските објекти во Солун, Халикидики и во уште девет грчки региони

А1он

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска