Осум медицински лица од гостиварската болница заразени со КОВИД 19

Од:

Во гостиварската болница има вкупно осум медицински лица кои се инфицирани со КОВИД 19. По направените тестирања изминативе денови, по трите случаи на заразени медициски лица, откриени се пет нови.

Во општата болница „Др. Ферид Мурад“ биле земени 138 брисеви. Информацијата за новозаразените стигна синоќа како одговор на прашање поставено до портпаролот на Владата на Република Северна Македонија.

Епдимеолошките портоколи се спроведени откако минатата недела една медицинска сестра и еден лекар од интерното оддление се покажаа позитивни на корона тестот. Во петокот беше потврдено дека уште една медицнска сестра од инфективното одделение, исто така, е заразена.

Болничката управа од почеткот на состојбата воведе рестриктивни мерки за прием на пациенти и го ограничи влезот во болницата. Направена беше и реорганизација, па персоналот работеше во еднонеделни смени, за да, како што кажаа, се спречи ширење на инфекцијата помеѓу вработените и за да нема застој и затварање на одделi.

Општата болница е најголема здравствена установа во гостиварскиот регион со околу 500 вработени.

За новонастаната ситуација, најверојатно ќе се дискутира на денешниот состанок на кризниот штаб.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски