Трамп: Договорот за нафтата ќе сочува стотици илјади работни места во САД

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го пофали договорот на водечките светски производители на нафта за намалување на производсвото на сирова нафта на глобално ниво и порача дека , благодарение на тоа, ќе се сочуваат работни места во американската индустрија.

-Договорот ќе спаси стотици илјади работни места во областа на енергетиката во САД, рече Трамп.

Тој истакна дека им се заблагодарил и им честитал на рускиот претседател Владимир Путин и на судискиот крал Салман на постигнатиот договор, пренесоа британските медиуми.

Членките на ОПЕК и нивните сојузници потпишаа договор за намалување на производтвото на нафта на 9,7 милиони барели дневно, соопошти претходно Министерството за енергетика на Казахстан.

Во соопштението се наведува дека е постигнат договор за намалување на производството на нафта за два месеца, почнувајќи од 1 мај.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски