Убиство кај Клинички центар, син го убил таткото

Од:

Вечерва во близина на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје се случило убиство. Според извори на „А1он“, син, во семејна расправија со нож го прободел својот 55-годишен татко кој почнал да крвари.

Тие, според полициски извори, живееле блиску до Клиничкиот центар. Таткото собрал сили и се упатил кон Клиниката за да побара помош, но не стигнал да ја добие. Според нашите извори, тој искрварел по пат и додека дошле медицинските екипи веќе бил починат.

Првичните информации се дека синот е веќе приведен.

Во моментов кај Клиничкиот центар има бројни полициски екипи и се врши увид на местото на настанот.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва