А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Министерство за здравство: За пациентите со ретки болести обезбедена и предадена е терапијата за 3 месеци

by А1он12/04/2020 - 10:5512/04/2020 - 10:59470
Share0

Министерството за здравство информира дека обезбедени и предадени се таблетарните лекарства за лицата со ретки болести кои се заведени во електронскиот регистар за ретки болести за месеците април, мај и јуни.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Оваа група на пациенти се обезбедени со неопходната терапија за периодот којшто следува. Оние пациенти кои примаат ампуларна терапија е обезбеден сигурен и изолиран пристап до соодветните Клиники. Со ова, пациентите се заштитени од посета на Клиниките и можен ризик од зараза со КОВИД – 19 во периодот кој следува.

Воедно со почетокот на коронавирусот во земјава, направена е дистрибуција до сите јавно-здравствени устаноиви кои лекуваат пациенти со ретки болести. Во моментов нема недостаток од ниту еден лек, а пациентите имаат подигнато терапија за 2-3 месеци. За најголемиот дел од лековите во Клиниките има лекови до јуни 2020 година.

Заклучно со март 2020 година, во Регистарот се регистрирани 530 лица со ретка болест. Од нив над 150 лица се со Цистична фиброза за кои се обезбедува терапија преку Фондот за здравствено осигурување.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во однос на бројот на пациенти кои се на терапија во 2015 со програмата биле опфатени околу 96 пациенти, во 2018 околу 140 пациенти, во 2019 околу 170 пациенти, а во 2020 со програмата ќе бидат опфатени над 185 пациенти + 150 со Цистична фиброза.

Преку Програмата за лекување на ретки болести во 2020 година ќе бидат набавени вкупно 35 лекови за пациентите со ретки болести (3 нови лекови и тоа: за идиопатска пулмонална хипертензија (како трет избор на лек за оваа болест), за хередитарен ангиоедем (како трет избор на лек за оваа болест), и еден нов лек за терапија на Гоше (и за оваа болест веќе ќе има избор од 4 лека за лекување на овие пациенти).

Од 2017 година до денес, во програмата се воведени вкупно 9 нови Орфан лекови и тоа :
-2 нови лека за терапија на Гоше (како втор избор на лек за оваа болест),
-1 нов лек (таблетарна терапија) за пациентите со Гоше,
-1 нов лек за терапија на лица со ФАП – фамилијарна амилоидна полиневропатија,
-1 нов лек еден за терапија на апаластична анемија,
-1 нов лек за терапија на пациентите со Дг. Пулмонална фиброза за 8 пациенти,
-1 нов лек Спинраза за пациентите со Спинална мускулна атрофуја (СМА),
-1 нов лек за идиопатска пулмонална хипертензија (како трет избор на лек за оваа болест),
-1 нов лек за идиопатска пулмонална хипертензија (како трет избор на лек за оваа болест),
-1 нов лек за хередитарен ангиоедем (како трет избор на лек за оваа болест).

Со програмата за 2019 година, за првпат беше обезбедена е терапија и за пациентите со ајзенменгер синдром, кој дотогаш терапијата пациентите ја набавуваа приватно. Истовремено, обезбедена беше и терапија со лекот босентан за децата со вродена срцева мана и пулмонална хипертензија, кои родителите претходно мораа приватно да го купуваат“, информираат од Министерство за здравство.

filipceministestvo za zdravstvoretki bolestivenko filipce

Би можело да ве интересира

Филипче: Карпалак не смее да биде само датум во календарот – мирот се гради со одговорност, а не со поделби

Горан Наумовски08/08/2026 - 15:25

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ06/08/2026 - 19:2006/08/2026 - 19:21

Филипче за тврдењето дека власта го прифатила Францускиот предлог: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

Предраг Петровиќ06/08/2026 - 16:5606/08/2026 - 16:57

„Комуњарска коњино“ и „политички кловн“ – Српската заедница со жесток напад врз Филипче

Предраг Петровиќ06/08/2026 - 16:11

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски04/08/2026 - 12:2704/08/2026 - 13:51

(ВИДЕО) Филипче од Крушево: Македонија не смее да биде држава во која водата за пиење е опасна

А1он02/08/2026 - 09:4202/08/2026 - 11:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео