19-годишно момче го загуби животот во сообраќајка во Битолско

Од:

Во раните утрински часови, околу  03:15,  на патот Битола – граничен премин Меџитлија се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби 19-годишно момче од село Егри.

Од СВР Битола велат дека несреќата се случила пред куќа во селото Егри, а возачот Г.Р , роден 1994, починал на самото место.

„Возачот  Г.Р.  управувал патничко моторно возило  марка Опел корса со битолски регистарски таблички. Сообраќајната незгода се случила на тој начин што возачот што управувал со патничкото моторно возило изгубил контрола над возилото, преминал на левата страна од коловозот, па потоа на десната страна, каде што удрил во дрво, по што возилото се превртело и удрило во ограда од дворно место“, потврди Магдалена Димитровска, портпарол на СВР Битола.

На местото на несреќата излегле истражен судија и јавен обвинител од Битола, а причините за смртта ќе бидат познати по обдукцијата.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Скопје – Блаце, повредени се шестмина косовски државјани

Пијан „возач“ без возачка дозвола излета од пат кај Кочани, едно лице е тешко повредено

Горан Наумовски

Трагедија во Германија: Возеше автомобил во погрешна лента, загинаа две лица

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Обровац: Двајца мртви, уште двајца итно префрлени во болница

Несреќа во Скопје: Мотоциклист заврши со тешки повреди на „Партизанска“

Сите патници во комбето што излета од патот Котор-Никшиќ се српски државјани: Загина 21-годишна девојка