Властите во Јокохама по грешка на Твитер „истрелаа“ севернокорејска ракета

Од:

Властите на јапонскиот град Јокохама по грешка соопштија за истрелување на севернокорејска ракета, пренесоа француските медиуми.

Информацијата избразано беше „закачена“ на Твитер, а подоцна властите се извинија за гафот.

Веста се појави на Твитер во 11,19 часот по локално време. Во неа се кажуваше: „Располагаме со информација дека од Северна Кореја е истрелана ракета. Ве молиме слушајте ги информациите на радио и телевизија“.

Всушност се покажа дека соопштението било претходно подготвено за случај на активен ракетен напад на Пјонгјанг, но било „истрелано“ по грешка на Твитер.

Властите на Јокохама веќе го повлекоа. Јапонија е во состојба на тревога заради заканите на Северна Кореја од последните денови.

Јапонските власти очекуваат Северна Кореја пробно да истрела ракета, но некои јужнокорејски медиуми, меѓутоа, дури споменуваат и нова нуклеарна проба.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови