Дваесет лица од истокот не го почитувале полицискиот час

Од:

Во општините од источниот регион полицискиот час кој од вчера почна од 16 часот не го почитувале вкупно 20 граѓани. СВР-Штип преку соопштение информира дека десет лица се приведени од кои едно малолетно лице и едно над 67 години. Поднесени се осум кривични пријави по чл.206 од КЗ. Контролирани се вкупно 152 објекти. Во државен карантин спроведени се две лица.

На подрачјето на СВР Штип во текот на изминатото деноноќие на шест лица им се издадени решенија за изолација, а 15 потпишале изјави за самоизолација.

Во билтенот на СВР-Штип се нотира дека полицискиот час не го почитувал и 37-годишен жител на штипското село Стар Карорман, кој направил и сообраќајна несреќа со возило на полицијата.

-Синоќа во 20.42 часот на крстосницата од ул. „Стево Теодосиевски“, „Димитар Влахов“ и „Страшо Пинџур“ во Кочани се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Н. (37) од с. Стар Караорман, штипско, и полициско возило „шкода јети“, управувано од полициски службеник. Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот на полициското возило. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Кочани, инспектор од Секторот за внатрешна контрола професинални стандарди од МВР и Јавен обвинител, се наведува во сооопштението на СВР-Штип.

Би можело да ве интересира

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Воведен полициски час во регионот на Одеса

А1он

Полициски час и забрана за музика во угостителските објекти во Солун, Халикидики и во уште девет грчки региони

А1он

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска