Партерно уредување околу Градскиот саат во Прилеп

Од:

Неодамна Министерството за култура во соработка со Завод и музеј – Прилеп ги зацврсти темелите на Саат-кулата,запирајќи го понатамошното нејзино накривување  на сегашните 15 сантиметри.Сега на ред е партерното уредување на околниот простор, при што надлежните посветуваат посебно внимание на тоа да се задржи автентичноста на амбиентот на Старата чаршија.

Според Бранко Нешковски, раководител на ЈП за ПУП при локалната самоуправа,проектот е речиси готов,тендерот се очекува да излезе во секој момент и до првата половина на јули,пред почетокот на Пиво-фестот, партерното уредување околу Саатот да биде целосно завршено.

Напоредно со реконструкцијата на Градскиот саат, се планира и целосносна реконструкција и освежување на патеките,освежување на зелените површини,а ќе се пристапи и кон унифицирано реновирање на фасадите на дуќаните што се наоѓаат во Старата чаршија, со цел да се задржи и да се продлабочи автентичноста на тој простор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Попоски: На Прилеп му се случува невидена градежна офанзива, ама неа се уште никој не ја видел

Горан Наумовски

Во Прилеп свечено отворен 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

Предраг Петровиќ

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Маж падна во провалија, со тешки повреди згрижен е во прилепската болница

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница