Лидерите на двете најголеми политички партии, Зоран Заев и Христијан Мицкоски се во самоизолација бидејќи имале контакт со лице заболено од коронавирусот. Станува збор за новинар кој во изминатиов период ги интервјуирал лидерите.
Тестот на Мицкоски кој бил изработен доцна синоќа покажал дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е негативен, а пак, тестот на Заев ќе биде изработен во текот на денешниот ден. За ова, на вонредна прес-конференција информриаше министерот за здравство, Венко Филипче.
Во живо: Обраќање на министерот за здравство, Венко Филипче
Во живо: Обраќање на министерот за здравство, Венко Филипче
Posted by A1on.mk on Петок, 10 април 2020
„Лидерите на двете политички партии, Зоран Заев и Христијан Мицкоски се во задолжителна самоизолација. По информацијата која ја доби Владата, дека еден новинар во текот на минатата недела имаше ТВ интервјуа со лидерите на двете партии, двајцата лидери се тестирани за коронавирусот. Резултатот на Мицкоски е негативен, но тој ќе биде во самоизолација до истекот на 14 дена од последниот контакт со заболениот. Резултатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев ќе биде готов во текот на денешниот ден“, рече Филипче.
Тестот на Заев не е готов, бидејќи тој синоќа заминал за Струмица, па брисот бил пратен оттаму.
„Новинарот е во стабилна здравствена состојба, се лекува во болницата ‘8 септември’. Ќе се направат анкети за контактите. За сите информации, ќе информираме дополнително“, додаде Филипче.
Интервјуата со лидерите се емитувани пред една недела. Прво, се емитуваше интервјуто со Заев на 2 април, а ден потоа, на 3 април, се емитуваше и интервјуто со Мицкоски.