Општина Кисела Вода објави Јавен повик за online работа

Од:

Општина Кисела Вода продолжува да работи во насока на справување со вирусот „Ковид – 19“

Согласно владините мерки Општината вчера објави Јавен повик за online работа за достава на неопходни прехранбени намирници од економски оператори и маркети кои работат на нејзината територија.

Од Општината информираат дека сите заинтересирани може да се пријавуваат на електронската адреса: [email protected], додека пријавата за јавниот повик, која е потребно да се пополни и испрати најдоцна до денес, до 12:00 часот може да ја симнат на следниот линк: https://www.kiselavoda.gov.mk/content-data/Izvestuvanja/prijava-za-rabota.pdf .

– Локалната самоуправа ги замолува економските оператори и маркети, заедно со пријавата во прилог да испратат и скенирана копија од ДРД образец. Пријавите од економските оператори и маркети, по разгледувањето ќе бидат проследени до Полициските станици – Кисела Вода (Пролет) и Драчево, соопштуваат од Општина Кисела Вода.

Оттаму замолуваат во овие тешки времиња, со цел за успешно, побрзо справување со вирусот да се почитуваат мерките и препораките дадени од Владата и Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

Поништена одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче, информира Ѓорѓиевски

A1on

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода