Гласна музика, Здравко Чолиќ ‘до даска’ и десетина соседи кои играат на терасите – ваква беше сликата денеска во една од скопските населби, откако почна полицискиот час и забраната за движење.
Во недостиг од време за забава, а во време кога сме оптoварени со лоши вести од сите страни, жителите од оваа зграда денеска најдоа начин како да ја разбијат монотонијата, а со тоа да ги развеселат и жителите на останатите соседни згради.
Според сведочењата на соседите, станувало збор за славење роденден, кон кој се приклучиле и останатите и забавата траела со часови.