МПЦ онлајн: Исповед преку Месинџер и Скајп во услови на пандемија

Од:

Преку Фејбук, Вибер, месинџер или преку телефонски контакт, свештениците во време на пандемија комуницираат со верниците кои имаат потреба од духовен совет, разговор или благослов.

Свештеникот Бобан Митевски од скопската епархија вели дека по воведувањето на мерките за справување и заштита од коронавирусот, социјалните мрежи се едни од начините да се поврзат со верниците. Оние кои сакаат да се исповедаат, тоа можат да го направат во договор со својот духовен отец по електронски пат.

Најважно е здравјето на луѓето, вели Митевски и додава дека преку веб-страници црквите ги споделуваат сите информации на кој начин верниците може да ги остварат своите права.

„Верниците кои имаат потреба од исповед, тоа може да го напрват во договор со својот духовен отец. Со него се договаарат на кој начин ќе комуницираат, дали тоа ќе биде преку вибер, скајп или пак телефонски. Се прилагодуваме сите на кризата, па и ние свештениците. Ја користиме елекронска технологија, да им излеземе во пресрет на верниците, иако сме свесни дека таа не може да го замени непосредниот контакт. Црквите не се затворени, се одржува и неделната литургија, но советуваме да дојдат само оние верници кои имаат потреба од причест која се дава во соодветни термини по завршувањето на литургијата. Мора да бидеме трпеливи, да бидеме мудри и да истраеме“, порачува отец Митевски.

Од прогласувањето на пандемијата зголем е бројот на верниците кои бараат начин како да се справат со стравот и неизвесноста, вели свештеникот Игор Здравковски кој е во постојана комуникација со нив. Не одбива никој што ќе побара помош и секојдневно телефонски дели совети на верниците како што вели тој како да се справат со ова искушение.

„Луѓето се исплашени, загрижени и имаат потреба да бидат сослушани и да добијат утеха. Постојано сум во контакт со верниците и им советувам да не креваат паника, туку да се свртат кон своите семејства, да бидат духовно поткрепени со молитви и размилата за Бога. Да не читаат дезинформации и вести што шират лажна паника, туку да бидат одговорни и да се молат што е можно побргу да заврши ова искушение “, вели отец Здравковски.

Како што информираат свештените лица, велигденската литургија ќе биде без верници, затоа што се паѓа во време на целодневен полициски час. Верниците кои ќе сакаат да се причестат по 40 дневниот пост тоа ќе може да го направат на Велики четврток или на вториот и на третиот ден од Велигден.

„Овој Велигден ќе биде различен од другите години, ќе нема граѓани во црквите. Знам дека на многу луѓе им паѓа тешко поради ситацијата во која се наоѓаме, но ги замолувам за трпение и разумност да истраеме во овие тешки денови и со верба во Бога да ја надминеме и ова криза. Ова година нема да вршиме миро-помазание заради превентивни причини но, на верниците ќе им биде поделенено осветено масло во шишенца и тие сами ќе помазуваат. Причеста е света тајна и многу важен момент за христијаните, затоа не можеме да ги лишиме од оваа право. Тоа ќе биде изведено во овие денови од празникот, во определен период од денот, на соодветен начин и безбеден начин“, вели свештеникот Бобан Митевски од скопската епархија.

Свештениците лица велат дека не подаваат рака за бакнување, а дали верниците ќе ги бакнуваат крстот, иконите и вратите на црквите оставено е на нив самите да одлучат, односно секој да се води од својата вера.

Би можело да ве интересира

Велигден – зошто не е секоја година на ист ден и како се пресметува датумот

Катерина Ѓуровски

Истрага: Во Илиноис, свештеници сексуално злоставувале 2.000 деца за 70 години

Српската полиција уапси маж кој се закани дека ќе убие свештеници со експлозив

МПЦ-ОА: Овој Велигден го славиме во канонско единство

Православните верници денеска го слават Велигден

За Велигден бесплатно паркирањето во Охрид, во вторник слободен влез во музеите низ градот