ВИДЕО: Општина Центар со промотивна кампања за работа од дома

Од:

Следејќи ги препораките и мерките на Владата и Министерството за здравство, со оглед на прогласената пандемија на Корона вирусот, дел од вработените во општината Центар своите работни активности и обврски ги извшруваат од дома.

– Организацијата на онлајн наставата во основните училишта, обработката на документите во Секторот за урбанизам, организацијата на социјалната политика и останатите активности, вработените ги извршуваат од дома, со цел непречено функционирање на општината и услужување на нашите сограѓани, велат од Центар.

Општина Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ упатуваат апел до сите сограѓани да бидат солидарни, одговорни, да се грижат за здравјето и да ги почитуваат препораките на Владата и на Министерството за здравство.

– Само така ќе го вратиме животот во нормала и сите заедно ќе излеземе како победници од моменталната ситуација, велат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски