Град Скопје по вторпат со акција за дезинфекција и миење на јавните простори

Од:

За да се заштити здравјето на граѓаните од ширењето на корона вирусот и да се подигне нивото на јавната хигиена, екипите на Град Скопје по вторпат спроведуваат голема акција за миење и дезинфекција на јавните површини во Скопје.

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска ги мијат и дезинфицираат јавните површини во паркот „Ибни Пајко“. Во текот на вчерашниот ден, пак, рачно и со посебна опрема беа исчистени и дезинфицирани патеките, клупите, павилјоните, дрвените мостови, детските реквизити и справите за вежбање во трите дела на Градскиот парк, во парковите во Чаир и Ѓорче Петров, во парковите „Македонија“ и „Жена Борец“ и во Рајскиот парк во Аеродром. Повторно беше извршена дезинфекција на јавните површини и во СРЦ „Сарај“, во паркот на природата „Гази Баба“ и во парк-шумата „Водно“, информираат од Град Скопје.

Скопските пожарникари вчера извршија целосна дезинфекција на јавните површини на кејот на Вардар. Се чистеа и патеките и урбаната опрема.

Во истовреме, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ вршеа рачно миење и дезинфекција на плоштадите „Македонија“ и „Филип Втори“. На градските улици и булевари, пак, се вршеше машинско миење и дезинфекција на коловозите.

Значајно е да се нагласи дека во текот на изминатиов период ЈП „Комунална хигиена“ секојдневно спроведува машинско миење со автоцистерни и дезинфекција на поголемите улици и булевари во сите скопски општини, како и рачно миење и дезинфекција на најфреквентните јавни површини во централното градско подрачје – плоштадот „Македонија“, Камениот мост, мостот „Гоце Делчев“, улицата Македонија, плоштадот „Филип Втори“ и Старата скопска чаршија. Постојано се дезинфицираат и садовите за собирање отпад поставени на територијата на градот Скопје – подземните и надземните контејнери и нивната микролокација, соопштуваат од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција