Францускиот Сенат одобри член од предлог-закон кој ги одобрува истополовите бракови

Од:

Фрацускиот Сенат, горниот дом на Парламентот, синоќа го одобри со 179 гласа за и 157 против, првиот член од предлог-законот за истополовите бракови. Тој член е најважниот, затоа што го одобрува склучувањето брак меѓу лица од ист пол.

Првиот член од предлог-законот беше усвоен без измени во однос на гласањето во прво читање во Националното собрание – Долниот дом. Така гласањето станува конечно, освен ако целиот предлог-закон не биде отфрлен при разгледување во Сенатот.

Предлог-законот, кој беше одобрен од Националното собрание во февруари, им ги дава на истополовите двојки истите права за склучување брак и посвојување деца како тие на хетеросексуалните двојки.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт