А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

И во полициски час интервенции за технички проблеми на телекомуникациските мрежи

by А1он09/04/2020 - 14:24233
Share0

Доколку граѓаните имаат технички проблеми во функционирање на телекомуникациската мрежа може да се обратат до операторите, чии технички екипи и покрај тоа што е полициски час и е прогласена вонредна состојба излегуваат на терен.

Следете a1on на Instagram Instagram

Од Македонски телеком велат дека иако се наоѓаме во вонредна ситуација имаат одговорност да обезбедат стабилна и безбедна мрежа и непречено функционирање на сите сервиси и услуги.

Како што велат за МИА од Телеком, нивните технички екипи се на терен секојдневно, почитувајќи го времето за ограничено движење од страна на Владата и посветено работат на обезбедување беспрекорни услуги за непречена комуникација.

-Во ситуации на големи пречки кои афектираат повеќе корисници и треба итна техничка асистенција, во хармонизација со надлежните служби за кризна ситуација, ги обезбедуваме сите неопходни дозволи за да решиме технички проблем во корист на граѓаните. Но, како одговорна компанија, секако водиме грижа за сите вработени, особено за оние кои што во овие кризни моменти секојдневно остваруваат непосреден контакт со корисниците, вклучувајќи ги и нашите техничари, посочуваат од телекомуникациската компанија.

Следете a1on на Youtube YouTube

За таа цел, како што дополнуваат, тие се обезбедени со целосна заштитна опрема која вклучува маска, ракавици и средства за дезинфекција, а во одредени ситуации и заштитни одела. Без оглед на тешката ситуација во која сите се наоѓаме, ние продолжуваме да ги поврзуваме корисниците, овозможувајќи им на тој начин услови да останат дома и да се придржуваат кон мерките за заштита од коронавирусот, да работат од дома и да комуницираат дигитално со своите најблиски, наведуваат од Телеком.

Како заштитна мерка на граѓаните во услови на прогласената пандемија, Владата донесе Уредба, а телекомуникациските компании од неодамна воведоа електронските сметки за сите нивни корисници со цел да се избегне изготвување и достава на фактури во хартиена форма, како заштитна мерка на граѓаните во услови на прогласена пандемија во државата.

– При доставувањето на електронските сметки, корисниците меѓу кои спаѓаат и повозрасната категорија на граѓани добиваат и насоки за брзо и едноставно електронско плаќање. Во моментов се нудат повеќе можности за електронско плаќање преку дигиталните канали (Telekom MK апликацијата, веб страницата плати онлајн), како и целосна поддршка во процесот на плаќање. Но, како компанија им излегуваме во пресрет на корисниците и доколку имаат потешкотии при подмирувањето на сметките можат да нѐ контактираат со јавување во Контакт центарот 120 за приватни или пак на бројот 122, за деловни корисници, велат од Телеком.

Агенцијата за електронски комуникации и самите оператори неодамна апелираа на потребата од рационалност во користењето на телекомуникациските услуги, откако поради мерките за ограничување на физичката комуникација изминатиот период голем дел од корисниците на интернет услугите се реализираат од дома, а со тоа се зголеми и побарувачка и искористеноста на интернет пристапот.

Операторите веќе информираа за значителен пораст во искористеноста на мрежните ресурси како во фиксната така и во мобилната електронска комуникациска мрежа. Поради тоа АЕК апелираше рационално да се користи интернетот со цел апликациите за работа и учење од дома како што се видео конференции, далечен пристап, виртуелни конекции за пристап до апликациите од работа и слично да може да имаат поголем дел од останатите интернет апликации во заедничкото користење на мрежните ресурси на операторите.

Како што укажа АЕК, користење на сетинзи што ја намалуваат потрошувачката на интернетот како што е гледање на аудиовизуелни содржини во стандардна резолуција (Standart Definition) наместо во висока резолуција (HD – High Definition) може за неколку пати да ја намалат искористеноста на мрежните ресурси од страна на ваквите апликации.

Според АЕК, операторите можат да блокираат, да ја намалат брзината на проток, да ја изменат, деградираат или дискриминираат некоја содржина, апликација или услуга во случаи заради заштита од оптоварување или преоптоварување на мрежната поврзаност или заради ублажување на последиците од оптоварувањето или преоптоварувањето на мрежната поврзаност. Таквите мерки за обликување на интернет сообраќајот треба да се исклучок и треба да се транспарентни, недискриминаторски и пропорционални со намерата заради која постојат, велат од АЕК.

policiski cas

Би можело да ве интересира

Прогласен e полициски час во центарот на Лос Анџелес

Горан Наумовски11/06/2025 - 07:29

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Горан Наумовски23/02/2023 - 12:40

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска13/07/2021 - 09:49

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска01/07/2021 - 11:32

Велешкото обвинителство предложи казни од по 800 евра за 10 лица за непочитување на полицискиот час

Ана Ололовска22/06/2021 - 12:25

Предложени парични казни против три лица за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска22/06/2021 - 10:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео