(ВИДЕО) СКАНДАЛ Асани: Ако сакате да разберете, најдете си преведувач

Од:

Директорот на „МЖ инфраструктура“, Ирфан Асани  им одржа лекција на новинарите, кои претходно уредно ги покани на прес-конференција, како да го разберат колегата од Косово, кој, сакаше да се обрати на албански јазик.

„Ако сакате да разберете, најдете си преведувач“, им порача Асани.

Скандалот се случи на одбележувањето на 140 годишнината од постоењето на „Македонски железници“.

Асани не знаеше или некој не го поучи дека требаше како домаќин да обезбеди преведувач, бидејќи на гости имаше лице од друга држава.

Стојанче Ангелов посочи на страната на македонски железници, на која нема ни збор за биографијата на Ирфан Асани.

Screenshot_3

„Погледнете ја “богатата“ биографија на директорот на Македонски Железници. Се шегувам, не мора да гледате. Има само две фотографии, претпоставувам од директорот. Нема ниту еден напишан ред за него. Ниту кога е роден, ниту какво образование има, ниту какво работно искуство има… Кои се неговите квалификации за оваа сериозна функција??? Знае ли воопшто некој, од оние кои го поставиле на директорско место, што значат Македонски Железници за македонската држава??? Или… Младо е детето, нека работи нешто… Нека се учи… Му следува по Бадентеровото правило…

А јас ќе кажам. Поставувањето на ваква личност за директор на Македонски Железници е смислен напад врз државата Македонија“, напишал Ангелов.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска