Во тек е реновирање на оградите на десетте моста во општина Прилеп. Започна реконструкција на мостот на реката кај автобуската станица. Според локалната самоуправа, современиот дизајн на оградата ќе придинесе за урбан и модерен изглед на мостот.
Оградата ќе биде изработена од метал, ќе има нов современ изглед со светлосни ефекти и ноќно време мостот ќе биде осветлен. И покрај тоа што е направена само едната страна од оградата на мостот, видлива е комбинацијата на модерното и корисното.
Дотраениот асфалт и раскршените рабови ќе бидат заменети со нови плочки, со што би се зголемила безбедноста на пешаците и на возилата во овој дел на градот, кој е најфреквентен.
Општина Прилеп ќе добие уште два нови моста, и тоа кај ООУМ „Ордан Михајлоски – Оцка“ и кај ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“, а постојните осум ќе бидат реновирани.