Манчестер Јунајтед влезе во разговори со Лацио за трансфер на играчот од средниот ред Сергеј Милинковиќ-Савиќ, јавуваат англиските медиуми.
Потенцијалниот купувач на 25 годишниот Србин ќе мора да плати 120 милиони евра бидејќи Римјаните не планираат да ја намалат цената.
„Црвените ѓаволи“ бараат замена на Пол Погба, кој скоро сигурно ќе го напушти „Олд Трафорд“ по крајот на сезоната.
Оваа сезона Милинковиќ-Савиќ запиша 31 натпревар за „орлите“, во кои постигна пет гола и направи седум асистенции.