Црното вино во борба против бактериите

Од:

Умереното конзумирање на црно вино ги уништува штетните бактерии и го подобрува здравјето, покажуваат резултатите од истражувањето на американскиот Универзитет во Мисури.

Конзумирањето една чаша црно вино дневно не само што звучи примамливо, туку е и добро во борбата против бактериите кои се создаваат во стомакот. Имено, истражувањето покажало дека виното ги уништува бактериите ешерихија коли и листерија и го спречува нивното натамошно размножување. Притоа не се уништуваат корисните бактерии кои се наоѓаат во дебелото црево.

Балансираното присуство на бактериите во стомакот може да помогне при варењето на храната. Тие го регулираат имунолошкиот систем и произведуваат витамин К, кој има клучна улога во згрутчувањето на крвта.

Истражувањето укажува дека алкохолот не е тој кој помага во одбрана од бактериите, туку тоа се соединенија на полифенолот кои се наоѓаат во виното.

Полифенолите се соединенија кои се наоѓаат во билките и помагаат во заштитата од разни болести. Покрај црното грозје, богат извор на полифенол се кафето, чајот, чоколадото и јаткастите плодови.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска