Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен ќе ги посети Јужна Кореја и Јапонија од 11 до 16 април.
Во Сеул Расмусен ќе разговара со јужнокорејскиот претседател Парк Гун-хе, како и со министрите за надворешни работи Јун Биунг-се и за одбрана Ким Кван-Чин.
Се уште нема детали за програмата на Расмусен во Јапонија.
Посетата на Расмусен на Јужна Кореја и на Јапонија е во моментот кога Северна Кореја се заканува со ракетни напади.