Двајца починати од коронавирус, потврдени 18 нови случаи на Ковид 19

Од:

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје почина едно лице од Куманово на возраст од 73 години. Во својот стан во Кавадарци е пронајдено починато лице на возраст од 44 години, кај кого постмортем е земен брис и истиот вчера потврдил присуство на вирусот.

Вчеравечер 45-годишен пациент од Скопје, тестиран и потврден позитивен на Ковид-19 преку Ветеринарен факултет, починал на пат кон болницата „8- ми Септември“.

Од Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје денеска се испишани пет оздравени пациенти, кои по два негативни контролни бриса, во добра општа состојба заминуваат дома.

На оваа Клиника примени се 4 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 66 пациенти, од кои 7 пациенти се на механичка вентилација.

Во болницата „8 Септември“ примени се 4 нови суспектни пациенти на коронавирус. Вкупната бројка на позитивни и суспектни на Ковид-19 во оваа болница е 26 пациенти, од кои 8 се во тешка состојба, а 3 пациенти се на респираторна машина, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Во болницата во Штип нема нови примени пациенти на болничко лекување. Во моментов се хоспитализирани четири пациенти, од кои еден пациент со средно–тешка клиничка слика со пневмонија и тројца стабилни.

Во болницата во Битола исто така нема прием на нови пациенти. Во моментов четири пациенти кои се на хоспитален третман се стабилни.

Во изминатите 24 часа, регистрирани се 18 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови Скопје седум, Куманово двајца, Прилеп – четири лица, Битола две лица, Кавадарци еден веќе починат, Крушево еден и Кочани еден.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 617 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во:

Скопје – 261
Куманово – 130
Дебар – 49
Штип-20
Прилеп – 38
Тетово – 29
Струга – 28
Велес – 10
Битола – 8
Охрид – 3
Кавадарци – 3
Гостивар – 4
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-3
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 18

Во изминатото деноноќие направени се 351 теста. Од нив преку ИЈЗ-185, преку Ветеринарен факултет –19, Авицена –22 , Биотек –25 и Фипил Втори (Жан Митрев) –100 . Досега во земјата се направени 6.230 тестирања на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски