(ВИДЕО) Костадинов: Нема да дозволиме некој да остане без приход, да продолжиме одговорно и посветено да се грижиме за нашето здравје

Од:

„Нашата држава влегува во фаза која според експертите е оценета како критична, но и клучна фаза во борбата против коронавирусот.

Пред нас е клучен период во кој се очекува пикот на ширење на вирусот и затоа токму сега е потребна уште поголема одговорност од сите нас. Потребна е максимална посветеност во заштита на нашето здравје и целосно почитување на мерките и задолженијата од институциите.

Владата донесе засилени мерки кои на сила стапуваат веќе од денеска. Забраната за движење започнува од 16 часот и ќе трае до 5 часот следниот ден, додека за време на викенди ќе постои целосна забрана за движење“, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

„Движењето во групи на јавни места и јавни површини не смее да биде повеќе од двајца.

Покрај ова, секако мораме да продолжиме и со досегашната пракса на социјална дистанца и зголемена лична хигиена.

Преку целосно почитување на мерките за заштита, даваме личен придонес во спречување на ширењето на коронавирусот.

Додека се бориме со здравствените предизвици, истовремено се справуваме и со негативните економски последици од коронавирусот.

Пакетот економски мерки обезбедува првична помош од 200 милиони евра помош која опфаќа 250.000 вработени и 35.000 компании.

Државата дава 14.500 денари плата за секој работник во фирмите коишто се погодени со кризата, затоа што секој работник е важен.

За граѓаните обезбедуваме сериозни финансиски олеснувања, се одложува наплатата на кредити, се стопираат извршителите.

Паралелно се кратат непродуктивните трошоци, се намалуваат платите на избраните и именувани функционери и директорите, а членовите во советите на општините и членовите на надзорните и управните одбори нема да земаат надоместок додека трае кризата.

Со мерките и политиките што ги спроведовме во изминатите две и пол години создадовме систем кој работи за граѓаните. Сите кои сте погодени од кризата имајте предвид дека државата е тука за вас и таа ќе ви помогне.

Нема да дозволиме некој да остане без приход, во духот на солидарноста помагаме за сите подеднакво.

Само со заеднички сили, со заеднички придонес од сите ќе ја добиеме оваа борба против последиците од коронавирусот.

Затоа, да продолжиме одговорно и посветено да се грижиме за нашето здравје и меѓусебно да си помагаме“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

(ВИДЕО) Кузеска: Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од унгарскиот кредит

Горан Наумовски