Германци сакаат да ја задржат заедничката валута

Од:

Повеќе од две третини од граѓаните на Германија, сакаат и во иднина да остане во употреба заедничка европска валута, еврото.

Истражувањата на институтот Форз, покажа дека секој четврт Германец го посакува враќањето на некогашната национална валута, марка.

Според истражувањето од 2011 година, повеќе од половина Германци, беа против долгорочното задржување на еврото.

Шефот на Институтот на Форз, Манфред Гилнер, оцени дека Германците всушност ги плаши кризата на еврото која многумина не ја сфаќаат, но очигледно тоа веќе нема лошо влијание на позитивниот став кон оваа валута.

Истражувањето покажа и дека симпатиите за еврото меѓу граѓаните се поголеми, доколку нивните примања се поголеми.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Австрија се спротивставува на Германија: Нема да примаме нелегални мигранти

Лоши вести од Германија: Економија не успева да излезе од кризата

Захарова ја обвини Германија за русофобија

Германија e погодена од неверојатни поскапувања

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати