Европската комисија ги предупреди министрите за финансии во еврозоната дека економијата на монатарната унија може да се намали до десет проценти оваа година.
Во меѓувреме германскиот министер за финансии Олаф Шолц, ги повика своите европски колеги да работотат за добар компромис на пакетот фискални мерки за поддршка на европската економија, во момент на пандемија на коронавирусот.
Шлоц напиша на својот Твитер профил дека во овие тешки времиња, Европа мора цврсто да се обедини.
Олаф и францускиот министер за финансии, Бруно Ле Мер ги повикуваат сите европски земји да не се откажуваат од решавањето на тешките финансиски проблеми и да направат добар компромис за сите граѓани.