Дваесет и седум години од приемот на земјава во ОН

Од:

Денеска се навршуваат 27 години од приемот на земјава во ОН на 8 април 1993 година кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, стана 181 полноправна членка на Светската организација.

Сепак, поради противењето и притисоците на Грција, која не го прифати тогашното уставно име Република Македонија, зачленувањето во ОН беше направено под привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија.

Со примот во ОН се потврди меѓународно правниот субјективитет на земјава 19 месеци по референдумот на 8 септември 1991 година на кој македонските граѓани се изјаснија за независна, самостојна и суверена држава. Формално волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 17 септември 1991 во Собранито на Република Македонија.

Следен важен чекор во зацврстувањето на државата беше усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година, кој десет години подоцна беше надополнет по конфликтот во 2001 и потпишувањето на Рамковниот договор.

По долгогодишниот спор за името, со посредство на ОН беше постигнат Преспанскиот договор што резултираше со промена на уставното име во Република Северна Македонија. Со тоа се отвори патот на земјата кон НАТО и ЕУ.

Би можело да ве интересира

Пендаровски во ОН: Одговорно визионерско лидерство, поголема емпатија, соработка и солидарност

А1он

Гутереш: Туризмот во светот со загуба од 320 милијарди долари, под ризик 120 милиони работни места

Ана Ололовска

Одобрени приоритетите за соработка меѓу С. Македонија и ОН за 2021-2025

Ана Ололовска

Заев: Пред 27 години нашата државност, посебност, нашиот идентитет и култура беа признаени и верификувани од целата меѓународна јавност

Ана Ололовска

Спасовски: Поминавме многу премрежја во минативе 27 години, да останеме обединети, силни и посветени и во овие тешки моменти

Ана Ололовска

ОН: Треба усогласено делување за да се избегне глобалната рецесија

Ана Ололовска