Во тек на изминатите 24 часа на ниво на целата држава 35 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 19 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, велат од МВР.
Исто така според статистичките податоци на 67 лица им се издадени решенија за изолација, а 84 лица потпишале изјави за самоизолација.
При извршените контроли од страна на полициските службеници евидентирани се две лица кои не ја почитувале мерката за самоизолација.