Во Њујорк е забележен најсмртоносниот ден од почетокот на пандемијата на коорнавирусот, бидејќи се регистрирани 731 нови смртни случаи, со што вкупниот број на жртви од Ковид-19 сега изнесува 5.489.
Бројот на умрени во текот на вчерашниот ден изнесува 731 лице, што е зголемување во однос на 599 смртни случаи од претходниот ден, изјави гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо на прес конференција.
Тој кажа дека коронавирусот ги убива здравствено ранливите лица.
„Ние не можеме тоа да го спречиме“, истакна Куомо и додаде дека верува дека досега е спасен секој кој можел да биде спасен.