Пет починати од коронавирус, потврдени 29 нови случаи

Од:

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје починаа четири пациенти заболени од коронавирус – 52-годишен пациент од Куманово, пациентка од Лабуништа-Струга на возраст од 65 години, пациентка од Челопек – Тетово на возраст од 62 години и една 81-годишна пациентка од Штип. Во Куманово дома почина уште еден пациент потврден на вирусот на возраст од 53 години.

Во изминатите 24 часа, регистрирани се 29 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови во Скопје – 15, Куманово – 7, Прилеп – 1, Струга 3 и Кочани – 3, велат од Министерството за здравство.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 599 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во:

Скопје – 254
Куманово – 128
Дебар – 49
Штип-20
Прилеп –34
Тетово – 29
Струга – 28
Велес – 10
Битола –6
Охрид –3
Кавадарци – 2
Гостивар – 4
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка- 3
Радовиш -4
Крушево – 2
Кочани – 17

Во изминатото деноноќие направени се 386 теста. Од нив преку ИЈЗ- 229, преку Ветеринарен факултет –8, Авицена –22 , Биотек – 22 и Фипил Втори (Жан Митрев) –105 . Досега во земјата се направени 5.879 тестирања на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски