Опозицијата обвини пред Филе за нефер избори, за власта главна тема Црвенковски

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на два дена по вториот изборен круг пред еврокомесарот штефан Филе, секој од свој агол презентираше што се случуваше на локалните избори.

Претседателот на Советот за евроинтеграции, каде се организираше и дебатата со Филе и Санино, Радмила Шеќеринска директно ја обвини Владата за сите нерегуларности, поткуп, заплашување, за злоупотребата на медиумите и администрацијата во корист на кандидатите од владеачката коалиција.

„Изборите се рендген-снимка за една држава. Тие кажуваат многу видливо дали функционира правната држава, колку администрацијата е независен сервис, дали правото на изразување е неприкосновено, а правото на одлука лично и ослободено од страв и притисоци. Тоа значи дека изборите беа слики за четири од вкупно петте приоритетни области покриени со пристапниот дијалог. Тие беа слика за политичката волја или нејзиното отсуство. Ако изборите беа стрес-тест за здравјето на нашата демократија, со жалење мора да констатирам дека ние на паднавме тој тест. Нема одвојување на државата од партијата. Нема рамноправни услови за натпревар. Има притисок врз гласачите. Злоупотреби на државни ресурси, наводи има. Македонските граѓани и сите ние го ценевме вашиот пристап да ја гледате чашата полуполна, наместо полупразна. Тоа им даде дополнителна сила и мотивација на сите во Македонија. Тоа беше и е добро и за Македонија и за регионот и за ЕУ. Единствен проблем со којшто се соочуваме денеска е што оние коишто имаа најголема одговорност за состојбите во државата решија да ја скршат чашата“, рече Радмила Шеќеринска.

Реагираше заменик-претседателот Силвана Бонева.

file_komisija

„Ние правевме напори да не дојде до тензии. Наместо фокусот да ни е на произволни оценки за изборниот процес, тоа треба да го оставиме на ОБСЕ/ОДИХР“, рече Силвана Бонева.

Насер Селмани, претседателот на ЗНМ укажа дека власта ги користи сите средства да ги контролира медиумите.

„Добро е што Владата го објави текстот на законот за медиуми и кажа дека е отворена за подобрување на текстот.Неопходно е менување на пристапот кон МРТВ“, побара претседателот на ЗНМ.

Антонио Милошоски пред Филе говореше за Бранко Црвенковски и за СДСМ.

„За разлика од другите политички партии, СДСМ на овие избори не гледаше како на избори за борба за локална власт. На овие избори СДСМ им пристапи како на избори на коишто сакаше да се бори за централната власт. И тоа беше нивниот пристап. Некои кандидати зборуваа за инфраструктура, СДСМ зборуваше за диктатура. Некои кандидати за градоначалници зборуваа за образование, СДСМ за авторитарен режи. Некои зборуваа за проекти, СДСМ за бојкот на изборите. Тоа беше првата карактеристика на овие локални избори. Сметам дека сето тоа што го слушаме денес е обид да се најде уште едно оправдание, а да не се искаже таа популарна реченица кажана од Црвенковски – дека народот е во право и тогаш кога греши. Испаѓа дека и на овие избори народот згрешил, што на 57 градоначници од ВМРО им даде доверба, додека на СДСМ само на четири“, рече Милошоски.

Милошоски направи кратко потсетување на сите претседатели и премиери во Европа и во светот кои владееле кога Црвенковски станал претседател на партијата, потсетувајќи дека сите од нив веќе не се присутни на политичка сцена, освен Црвенковски.

Шеќеринска го опомена дека СДСМ и Црвенковски не се тема на дебатата, туку дејствување на институциите.

Игор Ивановски укажа дека локалните избори беа полошо организирани од оние од 2011. Говореше за водење на гласачи, поткуп на администрацијата, недоследности во избирачкиот список.

„Изборите не беа фер и демократски. Медиумите партиски известуваа во полза на ВМРО-ДПМНЕ.

Во, како што рече, ваквата циркузијада одби да учествува лидерот на Демократската партија на Турците, Кенан Хасипи, кој дебатата ја оцени како недолична и го повлече своето право на збор.

Филе, ги слушаше сите излагања за да каже дека Брисел не прави разлика и дека државата ја гледа како целост.

„ЕУ реформите не смее да бидат ставени во заложништво на натпреварите меѓу политичките партии во земјава. Очекувам заложби од сите“, им порача Филе.

Би можело да ве интересира

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите