Друштвото за управување со отпад Нула Отпад почнува со ликовно-креативен предизвик за сите деца на предучилишна и училишна возраст. Предизвикот ќе биде отворен до 30 април 2020 година, додека и следниот ден ќе бидат објавени видеата кои според бројот на лајкови на социјалните мрежи привлекле најмногу внимание..
Родителите и децата да го искористат слободното време на еден креативен и интересен начин преку изработка на плакат и негова видео презентација на тема: „Да ја заштитиме планетата од опасниот отпад – отпадните батерии и електронскиот отпад – Рециклирањето е важно и неопходно!“.
Доколку едукативната кампања е успешна и пристигнат минимум 20 видео пораки за креативниот предизвик на следниот e-mail: [email protected], Нула Отпад, најмоќната еко порака и видео според бројот на лајкови на социјалните мрежи ќе ја награди со главна награда лаптоп.
– Се надеваме и на Ваша поддршка и споделување на ликовно-креативниот предизвик, да допреме до сите деца, родители и наставници да земат учество и убавите пораки од децата за новата планета и новото време да стигнат до сите и да внесат позитивна енергија во овие тешки денови, соопштуваат од Нула Отпад.
Заинтересираните повеќе информации за правилата за учество во креативниот предизвик може да добијат на следниот линк: http://www.nulaotpad.com.mk/?
Друштвото за управување со отпад Нула Отпад ДОО Скопје, датира од 2012 година. Своето дејствување како непрофитна организација во управување со специфичните текови на отпад, го започна кон крајот на 2012 година и оттогаш функционира исклучително активно и претставува поим за позитивни вредности во заштита на животната средина.
Нула Отпад како лиценциран колективен постапувач за отпадни батерии и електронски отпад во соработка со општините и воспитно-образовните институции во континуитет преку едукација создава генерации кои ќе знаат да го чуваат, заштитат и унапредат еко системот во кој живееме.
Ликовно креативен предизвик и можност да освоиш лаптоп ? Пренеси ја пораката на новата планета и новото време ?Безбедни во изолација со супер еко-едукација❗️Изработи плакат на ТЕМА: “Да ја заштитиме планетата од опасниот отпад – отпадните батерии и електронскиот отпад. Рециклирањето е важно и неопходно! “♻️Направи куса видео презентација (видео) на изработениот плакат и пренеси еко порака ✅Заедно со родителите испрати го видеото на е-маил адресата: info@nulaotpad.com.mk.Сите видеа кои ги исполнуваат критериумите ќе бидат објавени на фан страните (фејсбук и инстаграм) на Нула Отпад.Споделувај и лобирај за твојата видео порака! Предлог видеото е само за насока, креативноста не познава граници. Боичките во рака, креативноста во погон, предизвикани сте ? Повеќе за правилата за учество во креативниот предизвик во следниот линк: http://www.nulaotpad.com.mk/?portfolio=%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%BD%D0%BE-%D0%BA%D1%80%D0%B5%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%B5%D0%BD-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%B8%D0%BA-2&fbclid=IwAR2lcmpMeEqifnYVWDGkK-1BTa1QVpecBytqT-X-9RR0W-_vzGuLCWKUGpM
Posted by Нула Отпад ДОО Скопје on Среда, 01 април 2020