Почна испуштањето на водата од езерото во штипските населби „Сењак“ и „Дузлак“

Од:

Штипското претпријатие „Стипион 2011“ и пожарникарите од денеска почнаа со пробивање на запушениот канал меѓу населбите „Сењак“ и „Дузлак“, каде што пред 20 дена се создаде езеро од големите врнежи од дожд.

Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев поради големата опасност за децата кои поминуваат покрај оваа езеро, но и создавање свлечиште, кое може да ги загрози куќите и основното училиште „Димитар Влахов“ ангажираше екипи и машини од комуналното претпријатие „Хидро водод“ од Кавадарци.

Директорот на ЈП „Стипион 2011“, Тони Јовев вели дека за еден ден ќе се отпуши цевката, а со што водата од езерото ќе се испушти во правец кон реката Брегалница.

– Поучени од оваа негативно искуство ќе мора почести контроли да се вршат, а во догледно време ќе треба да изработиме и проект за изградба на мост, рече Јовев.

Командирот на ТППЕ-Штип, Кире Патраклиски рече дека пожарникарите и сообраќајната полиција постојано биле во обиколка на овој дел, а во моментов се логистика на екипата од Кавдарци, која го врши испуштањето на водата од создаденото езеро.

Штипјани кои живеат во населбите „Сењак“ и „Дузлак“ потенцираат дека досега езерото претставувало голема опасност за малите деца, но и за куќите кои се во непосредна близина, затоа, според нив, потребно е под итно да се реши проблемот и да се изгради мост.

Би можело да ве интересира

Еден загина, неколкумина се повредени во сообраќајка на патот Штип-Кочани

Јорданов: Повеќе сум згрозен, отколку што сум изненаден од кампањата која ја пласираат моите политички противници

(ВИДЕО) Филипче: Павел Иванов е симбол на храброст и чесност, Штип заслужува лидер како него

Горан Наумовски

Се повеќе деца и вработени од штипско средно училиште се затруени со јадење од сендвичара

Симптоми на труење од храна од сендвичарницата имаат 15 ученици од штипско средно училиште

Дино Мерлин настапи пред 100.000 луѓе во Штип

Предраг Петровиќ