Бичиклиски: Љубчо и Бранко да кажат колку пари свртеа од шверцот со нафта

Од:

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ молчи и бега од фактот што директен сведок, учесник во криминалот со шверцот на нафта, Љубомир Магаш, признал дека со Бранко Црвенковски и Љубомир Фрчкоски се договарале за одвивањето на овој шверц.

„Ова е прво вакво јавно признание во кое се посочува поранешен премиер, во конкретниот случај Црвенковски, за организатор на шверцот со нафта“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Бичиклиски.

Споре него доказ дека Бранко Црвенковски „стоел на челото на организираниот шверц на нафта во Македонија говорел и Љубчо Геогргиевски со кого денес Бранко е во коалиција“, при што цитираше изјава на Георгиевски.

„Организиран криминал во сите видови: цигари, нафта, дрога, шекер и незнам што, беше буквално измислен како поим во РМ во ваше време. Се сеќавам дали беше 93’ или 94’ тоа беше на принципот на нафтата, зошто тогаш беше интересно нафта да се шверцува кога одеа композиции со возови во времето на ембаргото, навистина мислам дека е несериозно да се дискутира со вас за шверцот воопшто.

Значи дури и Љубчо смета дека Црвенковски шверцувал нафта“, рече Бичиклиски.

Тој кажа дека и Љубчо и Бранко, се лицето и опачината на една иста паричка, и побара Љубчо Георгиевски да каже дали уште смета дека Бранко шверцувал нафта во деведесеттите?

„Зошто на Љубчо не му смета што сега седи рамо до рамо со истиот Бранко, за кого велеше дека е шверцер на нафта, или пак овие двајца имаат заеднички профит од криминалот кој го правеа?

Не преку празни соопштенија или гласноговорници кои се праќаат како жртвени јагниња, туку лично Бранко е должен да одговори колку пари свртеа со шверцот на нафта. Во чии џебови отидоа овие пари и кој се профитирал од овој криминал? Колку пари украдоа од народот и кој се збогати со криминал, додека народот го осиромашуваа а фирмите пропаѓаа.

И на крај, совршено јасно е зошто Бранко не сака да каже каде одеа парите во нивно врме, кога не се градеше ништо. Тие пари брутално се крадеа, се правеше криминал а народот беше ограбен“, изјави Бичиклиски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит