Калчолигашите донесоа едногласна одлука за намалување на платите на сите фудбалери за една третина.
Серија А е во прекин поради пандемијата на коронавирус, а клубовите бележат големи финансиски загуби, па ваквиот чекор беше неминовен.
Прв на таков потег се реши Јувентус, а сега и останатите екипи решија да ги следат стапките на шампионот.
Мерката за намалување на платите на играчите ќе биде на сила се додека не продолжи првенството.
Во случај сезоната да продолжи, тогаш платите ќе бидат намалени за 15 отсто до крај на првенството.
Раководството на Серија А ја прифати препораката на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) и нема да прогласи прекин на сезоната, туку ќе почека да се создадат услови за првенството на продолжи.