Ковид-19: Се зголемува бројот на смртни случаи во Иран, но Техеран нема да бара помош од САД

Од:

Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус во Иран се зголеми на 3.739, соопштија властите.

Портпаролот на иранското Министерство за здравство Киануш Џаханпур изјави денеска дека има 60.500 заразени лица во земјата.

– Иран никогаш нема да побара помош од САД во врска со коронавирусот, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусави.

Ајатолахот Али Хамнеи, врховниот лидер на земјата, исто така ги отфрли предлозите на Вашингтон за хуманитарна помош.

-Иран никогаш не сакал и нема да побара од Америка помош за епидемијата. Америка мора да ги укине сите свои нелегални, еднострани, санкции за Иран, рече Мусави.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху му се обрати на иранскиот народ: „Ќе бидете слободни и побрзо отколку што мислите“

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

Во Иран е прогласена петдневна жалост по убиството на Насрала

Во Бејрут загина командант во Иранската револуционерна гарда генерал Абас Нилфорушан

Горан Наумовски

Иран: Линија на водачот на отпорот ќе продолжи се до ослободување на Ерусалим

Горан Наумовски

Либан: Над 70.000 луѓе се на улица и бараат засолниште