Кол-центар за информации за економските и други мерки донесени од Владата поврзани со Ковид-19

Од:

Владата денеска го пушти во употреба првиот контакт центар наменет за поддршка на бизнисот и граѓаните во врска со економските прашања во услови на справување со кризата предизвикана од КОВИД-19. Компаниите и физичките лица со јавување на телефонскиот број 02/324-8040 ќе можат да ги добијат сите потребни информации и појаснувања во врска со начинот и можноста за користење на економски и други државни мерки поврзани со справување со состојбата со КОВИД -19.

– На LIVE Call Center – контакт линијата, која што е донација од компанијата Ассеко СЕЕ Македонија ќе одговара стручен тим на македонски и албански јазик. Кол центарот ќе работи од 8:00 до 17:00 часот од понеделник до петок, а во сабота од 9:00 до 14:00 часот, информира владината прес-служба.

Како што се посочува во соопштението, за начинот и користењето на економските и други мерки за бизнисот и граѓаните што изминатиот период го донесе Владата за полесно справување со кризата предизвикана од коронавирусот, заинтересираните ќе може да се јавуваат во кол-центарот

Од Владата потсетуваат дека досега се донесени два сета економски мерки, кои, како што велат се во насока на поголема ликвидност на бизнисот и зачувување на работните места.

За да сочуваме што поголем број работни места, велат од Владата, обезбедуваме финансиска поддршка за компаниите и самостојните вршители на дејност:

– За исплата на плати за месеците април и мај компаниите ќе добиваат 14.500 денари по вработен.

– Овозможено е користење на бескаматни кредити за микро, мали и средни компании.

– Воведуваме субвенционирање на 50% од придонесите на плати на вработените.

– Обезбедуваме исплата на минимална плата за спортските работници и уметниците.

– Обезбедивме финансиска помош за занаетчиите и самостојните вршители на дејност.

Од Владата потсетуваат дека се олеснети обврските на компаниите и граѓаните за плаќање на долговите и обврските кон државата:

– Запрена е работата на извршителите до крајот на јуни.

– Создадени се услови за одложување на плаќање на ратите на кредитите за 3 до 6 месеци за што поголемиот дел од банките веќе излегоа со свои понуди.

– Ослободување од плаќање на месечни аконтациите за данок на добивка за април, мај и јуни.

– Намалување на казнената камата за јавни давачки.

– Намалување на законска затезна камата за правни и физички лица.

– Ставена е во мирување давачката за ЗАМП.

– Се запираат стечајните постапки.

За лицата коишто останаа без работа во услови на КОВИД-19, потенцираат од Владата, понудени се неколку видови на поддршка:

– Согласно законот за вработување и осигурување во случај на невработеност граѓаните кои останале без работа ќе остварат надоместок преку АВРМ согласно нивните години работен стаж.

– Го прилагодуваме системот на социјална заштита за брз влез на лицата кои останале без работен ангажман и биле дел од неформалната економија со цел да остварат право на гарантирана минимална помош.

Од Владата потенцираат и дека за лицата во социјален ризик и корисници на други социјални права донесени се низа мерки:

– Обезбедуваме дополнителна исплата на енергетски додаток за април и мај на околу 30.000 корисници.

– Продолжува исплата на образованиот додаток за третиот и четвртиот мерен период за учебната 2019/2020 година, без потврда за редовност во училиште.

– Продолжени се и роковите за поднесување на барањата за остварување на право на еднократна парична помош за новороденче, и за додатоците за трето и четврто дете.

– Ослободување од закуп за социјални станови.

Во соопштението се посочува и на мерките во делот на платен одмор, како продолжено е платеното отсуство од работа поради нега и одгледување на новороденче и посвоено дете се до истек на траењето на времените мерки, задолжително користење на годишен одмор во приватен сектор, задолжително користење на годишен одмор во јавен сектор, како и на Фондовите за помош за КОВИД-19, со нагласок дека е формиран Фонд за туризам за поддршка на туристичките дејности и Солидарен Фонд за КОВИД-19.

Владата, велат оотаму, продолжува да ја следи состојбата со КОВИД-19 и да носи мерки согласно реалните потреби на компаниите и граѓаните.

Би можело да ве интересира

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија