На Институтот за кардиоваскуларни болести „Дедиње“ коронавирусот е потврден кај 67 здравствени работници и 9 пациенти, вели за Телеграф.рс, директорот на установата, доктор Милован Бојиќ.
На овој Институт кон крајот на минатата недела коронавирусот бил потврден кај четири пациенти, кои добиле зголемена температура по операцијата.
Поради претпазливост, на вирусот веднаш биле тестирани сите пациенти кои биле на истиот спрат, каде што биле заразените, како и сите вработени кои биле во контакт со нив.
– Од 250 тестирани здравствени работници и пациенти, добивме 67 позитивни исходи кај медицинските лица и 9 кај пациентите, наведува Бојиќ за српскиот медиум.