САД го охрабруваат постигањето договор за Косово

Од:

САД ја повторија поддршката Белград и Приштина да ја искористат можноста и да постигнат договор, изјави претставникот на Стејт департментот, Патрик Вентрел.

Тој на редовната конференција за новинарите повтори дека и двете страни треба да ја искористат можноста и да постигнат договор кој отвора перспектива во европските интеграции.

Вентрел потсети на досегашната поддршка на САД за работата на високата претставничка на ЕУ Кетрин Ештон, која е посредник во дијалогот помеѓу Белград и Приштина.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија