Високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон ги повика Белград и Приштина да ги направат последните напори и да постигнат договор, со оцена дека сите елементи за договор за северно Косово се на маса и изрази жалење поради тоа што српската влада ги отфрли предлозите.
Таа нагласи дека ЕУ не е должна да наметнува договор, за кој таа смета дека треба да се постигне.
Ештон порача дека се надева дека Косово и Србија ќе го остават минатото зад себе и ќе напредуваат кон иднината.
Елена Георгиевска