Побарани казни за 30 прекршители на полицискиот час во Скопје

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска достави 28 предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно 30 лица, обвинети за кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Како што информира ОЈО Скопје, сите обвинети не се придржувале до Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, односно за време на полицискиот час биле затекнати на различни локации во Скопје без да поседуваат дозвола за движење.

Надлежните јавни обвинители му предложиле на судот на обвинетите да им изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​

Би можело да ве интересира

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Воведен полициски час во регионот на Одеса

А1он

Полициски час и забрана за музика во угостителските објекти во Солун, Халикидики и во уште девет грчки региони

А1он

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска