Дачиќ: Би можеле да ги размениме северот на Косово, за југот на Србија

Од:

Србија би можела, врз основа на договорот со Приштина да усвои уставен закон кој би овозможил префрлање на овласувањата на владата во Приштина, а во рамките на уставот на Србија, изјави за германски дневник претседателот на владата на Србија, Ивица Дачиќ.

На прашањето дали се залага за промена на уставот, во чија преамбула се наведува дека Косово е дел од Србија, Дачиќ рече дека тоа не е лесно, и дека за тоа би можело да биде одржан референдум.

-Ние во државава имавме политичари кои инсистираа да се придржуваме кон уставот, но не е така. Реалноста на Косово е друга, тоа мора да го имаме во предвид- наведе српскиот премиер.

Претседателот на владата оцени и дека Белград и Приштина можат да се согласат и околу територијална размена, односно размени на север на Косово за општини на југот на Србија кои претежно се населени со албанско население.

-Но тоа не е прифатливо за Вашингтон. Таму се смета дека тоа би можело да доведе до нова војна во Македонија- изјави Дачиќ.

Во интервјуто за германскиот дневник Дачиќ нагласи дека Србија не сака мала српска држава за Србите на Косово, туку на Србите да им биде дозволено да се обединат во регион, кој би бил само еден од повеќето такви на територијата на Косово.

Истовремено премиерот неосновано го именува стравувањето на косовските Албанци дека поголемите овластувања на заедницата на српските општини би можела да доведе до сепаратизам.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски