Во „Мала црна галерија“ во Љубљана вечер ќе биде отворена изложба на ликовната авторка Тања Балаќ, претседател на Друштвото на ликовните уметници на Македонија.
Таа ќе претстави дела од најновиот циклус „Другост“, нов и различен приод, каде што експериментира со фотогафијата како медиум.
Во културниот центар Љубљански Град-Галерија „С“, пак, утревечер ќе бидат изложени делата од изложбата „Просторни дистанци“, која македонската публика ја виде во галеријата „Око“ минатата година.
Станува збор за триесетина слики, работени во комбинирана техника (пастел, олаж, акварел, гваш). Изложбата ќе биде отворена два и пол месеца.